четврток, декември 26, 2024
домаКујнаФилмот „Жаба“ на „Синедејс“

Филмот „Жаба“ на „Синедејс“

Во рамките на 16. Фестивал на Европски филм „Синедејс“, како дел од програмата CинеБалкан, ќе се прикаже долгометражниот игран филм „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ. Проекцијата е закажана за 15 ноември (среда), со почеток во 21 часот во Кино Фросина. „Жаба“ зборува за посттрауматските состојби и безнадежноста, за силата потребна за да се надминат пречките кои животот ги поставува и за постигнување среќа во секојдневниот живот со помош на малите нешта.

Сценариото за овој филм го напишаа Пјер Жалица и Елмир Јукуќ, а истото базира на истоимената театарска претстава по текст на Дубравко Михановиќ, која е регионален хит и во текот на изминатите десет години е одиграна над 260 пати. Улогите ги толкуваат: Емир Хаџихафизбеговиќ, Александар Сексан, Мирсад Тука, Моамер Касумовиќ. „Жаба“ беше премиерно прикажан на реномираниот Интернационален Филмски Фестивал во Сараево и ја освои публиката од над 4.000 гледачи која му ја посвети својата награда токму на овој филм.

Жирито на 38. Интернационален Фестивал на Филмска Камера „Браќа Манаки“, на кинематограферот на филмот, Дејан Димески му додели една од главните награди во официјалната компетиција – Бронзената Камера 300. „Жаба“ е копродукција помеѓу „Рефреш Продукција“ од Босна и Херцеговина, „Скопје Филм Студио“, „Пропелер Филм“ од Хрватска и „Ливинг Пикчрс“ од Србија. Филмот беше поддржан од националните фондови на земјите копродуценти и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции ЕУРИМАЖ.

На проекцијата на филмот ќе присуствуваат актерот Емир Хаџихафизбеговиќ, режисерот Елмир Јукиќ, кинематограферот Дејан Димески, продуцентот Томи Салковски и целата македонска екипа која работеше овој филм.

Следното фестивалско прикажување на „Жаба“ е на 15. Филмски фестивал во Загреб како филм за затворање на 19. ноември.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ