понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаАко може Трамп, зошто не може и Канје да стане претседател на...

Ако може Трамп, зошто не може и Канје да стане претседател на САД?

Откако со години зборуваше дека сака да стане иден претседател на Америка, раперот Канје Вест, сопруг на старлетата Ким Кардашијан, на Твитер објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе го предизвика републиканецот Доналд Трамп и неговиот политички ривал, демократот Џо Бајден.
– Сега ние мора да го исполниме ветувањето на Америка верувајќи во Господ, обединувајќи ја нашата визија и градејќи на нашата иднина. Јас ќе се кандидирам за претседател на САД – напиша Канје Вест со насмевка кон американското знаме.
Сопругот на познатата старлета Ким Кардашијан предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници со оваа објава. Публиката е поделена, некои се воодушевени од оваа идеја, додека други прават смешни фотографии на штета на оваа тема, меѓу кои е и таа како би изгледала ако Ким стане прва дама на САД.

Најчести кометари се дека ако Трамп може, зошто не и Кајне?

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ