вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотОсум видови овошје што го зајакнуваат имунитетот

Осум видови овошје што го зајакнуваат имунитетот

За добро здравје, неопходно е да се работи на целокупната состојба на организмот, а имунолошкиот систем е клучен за одржување на добро здравје. Особено за време на пандемија на коронавирусот треба максимално да се заштитиме и да работиме на зајакнување на одбранбениот механизам.

Конзумирањето овошје кое е богато со витамини и минерали може да помогне во тоа.

Портокали

Портокалите се богати со витамини Ц, Б, Е, провитамин А, а исто така содржат калциум и калиум. Токму високата содржина на витамин Ц што делува како антиоксиданс, го зголемува бројот на бели крвни клетки и го зајакнува имунолошкиот систем.

Предноста на ова овошје е што тие се достапни во текот на целата година.

Грозје

Грозјето е богато со витамини А, Б, Б6 и Ц и содржи голема количина минерали и хранливи материи како што се фолна киселина, ензими, протеини, калциум, магнезиум, калиум, манган и фосфор.

Јаболка

Јаболката се богати со антиоксиданти и се меѓу најздравите овошја. Богати се со витамини Ц, витамини од групата Б, бета-каротин, како и калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо.

Содржат кверцетин, камферол, мирицетин, катехин, антоцијанини и повеќе од 20 антиоксиданси.

Лубеница

Таа е полна со хранливи материи кои му помагаат на телото ефикасно да се бори против инфекциите. Лубеницата е одличен извор на витамин Ц, витамин А, калиум и магнезиум, а исто така содржи и многу вода.

Калинка

Калинката содржи цела низа корисни материи и микроелементи, а тука првенствено спаѓаат витамините (особено витамин Ц), влакната и минералите како што се калциум, калиум, натриум и магнезиум.

Исто така, содржи 15 типа аминокиселини кои се неопходни компоненти за функционирање на нашето тело.

Лимон

Лимонот е полн со хранливи материи – содржи биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамини Ц, А, Б1, Б6, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, манган и е богат со растителни влакна.

Папаја

Ова тропско овошје содржи ензим папаин, кој има антиинфламаторно дејство врз организмот и го зајакнува имунолошкиот систем. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ