сабота, ноември 23, 2024
домаЖивотРодителите на најмалите ученици најавуваат бојкот и протести, просветарите бркаат тендери?!

Родителите на најмалите ученици најавуваат бојкот и протести, просветарите бркаат тендери?!

Како што неофицијално дознава ТЕХТ.МК Комисијата за заразни болести предложила децата до трето одделение да одат на физичка настава, а сите останати онлајн.

Оваа евентуална одлука на МОН и Комисијата за заразни болести е во спротивност со грото родители кои се борат против одлуката и се закануваат со бојкот и протести доколку се донесе таква одлука. Таквата одлука според родителите би била дискриминаторска и би ги втурнала најмалите во оган.

Евентуалната одлука за одење на настава на најмалите е во спротивност со препораките нан министерот Филипче и неговите изјави, но менувањето на ставовите со брзина на светлината говори дека има притисоци од сите страни. Дел од родителите кои се вклучени во разно-разни одбори во ичилиштата говорат дека училиштата мора да отворат, да се направат тендерите, да се соберат парите, па после може и да затворат…Прашање е зошто се потребни тендерите и за што ќе се трошат парите?!

Од друга страна дел од родителите сметаат дека ваквата одлука се должи на немоќноста на државата да го реши проблемот со вработените родители, односно кој ќе ги плаќа. До сега по препорака на владата по еден родител на дете до 10 години беше ослободен од работа, но по приватните фирми ретко кој тоа го почитуваше. Газдите на приватниет фирми велат дека не можат да издржат

Родителите кои се залагаат за онлајн настава  за сите уечници им порачуваат на ресорните министерства дека кривично ќе одговараат за секој загрозен живот на децата од ОУ…Во еден од постовите упатен кон министерот Арбер Адеми кој е најголем заговарач за физичка настава, а кои се споделуваат по социјалните мрежи се вели „Дали верувате дека ќе поминете казнето како сите пред вас што останаа неказнети? Треба да знаете дека судот на родителите е над сите други…Размислете и одговорете си во огледало сам на себе дали училиштата ги задоволуват условите…Велам сам на себе затоашто тогаш сте најискрен…„

ТЕХТ.МК вчера јавно го покани минситерот Адеми да појдат во било кое училиште и да ги видат условите во истото, а според Водичот што минситерството кое тој го води го промовираше. Но, одговор од минситерот нема!

Н.Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ