четврток, ноември 21, 2024
домаКујна"Џез Фабрика" во Битола на 29 и 30 август 2020

“Џез Фабрика” во Битола на 29 и 30 август 2020

 На 29. и 30. август, во Битола ќе се одржи третото издание на “Интернационалниот џез фестивал„

Џез Фабрика Фестивал Битола – Jazz Factory Festival Bitola 2020, со исклучителна програма . ЏФФ. Битола, e единствен џез фестивал во Битола, со сериозна меѓународна програма (во прилог) и главен акцент на промоција на македонските џез артисти, што ја става Битола во листата на градови со џез култура и придонесува кон културната децентрализација и меѓународна промоција на Општина Битола.

Поради пандемијата КОВИД 19 и препораките од Владата на Р.С.Македонија бевме приморани терминот за реализација да го поместиме од традиционалниот месец април за крајот на месец август (29 – 30), велат организаторите.

Нашата посветеност, беспрекорна организација и реализација беше препознаена од Европската асоцијација на фестивали ЕФФЕ – Брисел и за периодот 2019-2020 година, ни го доделија својот амблем за Фестивал на забележителни уметности, вели организаторот.

Реализацијата на фестивалот е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Општина Битола, Народниот театар Битола, Винарија Стоби и др. Од 2020 година, фестивалот е член на програмата МОСТ – Будимпешта – проект поддржан од Европската Унија во делот за Кеативна Европа, со мисија да го зајакне музичкиот пазар на Балканот, преку поврзување и поддршка на артистите од светската музичка сцена; уметници, менаџери, фестивали и институции.

МОСТ гради мост што го поврзува Балканот и глобалниот музички пазар, мост составен од лични врски, искуство и размена. Овој фестивал е исто така дел од регионалното здружение на џез-фестивали: Џез фестивал во Петровац – Црна Гора, Кикинда џез и блуз фестивал – Србија, Балкански џез фестивал Тирана – Албанија, Ваљево Џез Фестивал – Србија, Русе Џез Фестивал – Бугарија и Џез Фортнајт фестивал – Скопје. Фестивалот има автентичен пристап кон промовирање на џез културата, фузија помеѓу едукативни работилници, мастер часови, музичка индустрија и новинарство, мрежно поврзување и регионална соработка, како и промовирање на домашни и регионални авторски џез изведувачи.

Уметници кои досега настапиле на фестивалот се : Теодосиј Спасов – Бугарија, Васил Хаџиманов – Србија, Душан Јефтовиќ – Шпанија, Тони Китановски, Сашо Поповски, Фирс, Кабадајас, Џоле Грујовски и други. Со вкупно 15 концерти и 6 работилници на сцената на Народниот театар Битола, како и локални клубови и културни сцени, имаме присуство од над 1000 посетители во првите две изданија, подвлекува директор Сашо Поповски.

ПРОГРАМА

Отворена сцена НУ Народен Театар Битола Сабота 29 Август

19 часот Антоније АВП Проект – Р.С.Македонија

20 часот Брама Амити – Р.С.Македонија

21 часот Арменд Џафери – Тони Китановски Квартет Р.Косово – Р.С.Македонија

22 часот АЈС Квартет – Р.Албанија

23 часот Ирена Благојевич Квартет Р.Србија – Р.С.Македонија.

Недела 30 Август = Промоција на книгата „Press & Play” , Ненад Георгиевски All About Jazz (USA) и доделување награда „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2019г.

В. Г. Парго

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ