понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотСценаРамбо Амадеус на 29 ноември со концерт во скопскиот клуб „Станица 26“

Рамбо Амадеус на 29 ноември со концерт во скопскиот клуб „Станица 26“

Концертната агенција и продукција „3Гонга“ , на чело со идејниот творец на „3Гонга“ Александар Пејчиновски најавува дека Антоније Пушиќ – Рамбо Амадеус ќе одржи концерт, на 29 ноември 2017 во ноќниот клуб Станица 26 со почеток во 22 часот.

Рамбо Амадеус е миленик на скопската публика, а уште поинтересно е што музичарот доаѓа со својот секстет – Саша Ранковиќ на тапани, Мирослав Товирац на бас, Војно Диздар на клавијатури, Александар Петковиќ на саксофон и Милош Николиќ на труба, обединети под името „Рамбо Амадеус & Five Winnetous“.
Во овој состав од музичари, Рамбо покрај тоа што ги изведува своите најголеми хитови, обоени со интелектуална иронија и критика, тој има можност да ги покаже и изрази сите музички стилови, со кои вешто манипулира – од џез, преку хип хоп до драмендбејс.
Неговите изведби во живо никогаш не се анемична репетиција на снимените песни од неговите албуми, туку виртуозен микс од музички импровизации, дополнети со спонтани хумористични елементи. Па затоа, неговиот музички израз, критиката и фановите ја споредуваат со оној на Френк Запа.
Неговата досегашна дискографија е исклучително колоритна и богата. Неговиот музички багаж брои над 11 студиски албуми, четири албуми снимени во живо, неколку компилации и еден EP.
Веќе на 30 ноември следната вечер во Станица 26, со почеток во 22 часот „3Гонга“ со гордост ви ја претставуваат трио формацијата „Trace Elements“ на прочуениот Паоло ди Сабатино со познатиот американски тапанар Денис Чемберс. Ова е трето доаѓање на Чемберс во Скопје. Првиот пат настапи со англискиот гитарист Џон Меклоклин и еднаш на големиот концерт со Сантана.
Легендарниот тапанар кој настапуваше со најголемите имиња од светската музичка сцена, заедно со Паоло Ди Сабатино и Христијан Галвез ја завршуваат својата европска турнеа токму во Скопје. Следната година на 8 ноември Денис повторно ќе настапи во Скопје заедно со Виктор Вутен и Боб Франческини.
Да потсетиме Рамбо Амадеус ја претставуваше својата земја Црна Гора на Евровизија 2012, но не успеа да влезе во финале.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ