дома Живот Сцена „Алембик“ со концерт во МКЦ за новиот албум „Без никого да удриш“

„Алембик“ со концерт во МКЦ за новиот албум „Без никого да удриш“

0
2

После многу настапи низ цела Европа, како и последниот во Даблин, “Алембик” го промовираат нивниот нов албум во Скопје!

„Алембик“ се состои од Ива Дамјановски на клавијатури, теремин и вокал и Виктор Танасковски на гитара и вокал. Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 година и е посветен на конфликтот, но и на возможната симбиоза на природата и технологијата.

Премиерната концерна изведба на вториот студиски албум „Без никого да удриш“ на дуото „Алембик“ ќе се одржи во Денсинг салата на Младинскиот културен центар на 11 јуни, со почеток во 20 часот.

Во новиот албум тие соработуваат со Андреа Мирческа на бас, Драган Теодосиев на тапани и Филип Ефински како гостин на неколку песни. Албумот е посветен на борбата против насилството, што е тема присутна низ сите песни.

На концертот ќе може и за првпат да се погледне документарниот филм за процесот зад создавањето на овој албум, во режија на Теона Христовска. Исто така, ќе можете и да го купите првото винилно издание на „Алембик“ во продукција на „Мртов коњ“ и „Ракамакафон“.

Картите се достапни на “Мк тикетс“.

Во вторник го пуштија во етер и спотот на “Милосрдие“, како загревање за концертот: