Со ниските температури, исто така, дојде и сезоната на настинки. Без оглед на тоа дали сакате да излечите или да спречите настинка, во тоа може да помогне овој чај со две моќни состојки.
СОСТОЈКИ ЗА ЧАЈ ОД ЛУК И НАНЕ
– 3 дл вода
– 3 чешниња лук
– кесичка чај или неколку ливчиња свежо нане
– мед
– лимон
ПОДГОТОВКА НА ЧАЈОТ ОД ЛУКИ И НАНЕ
- Малку згмечете го лукот, ставете го во чаша и оставете го да стои 10 минути за сите здрави материи кои се наоѓаат во него да се активираат.
- За тоа време зовријте ја водата. Потоа во шолјата со лук ставете ја и кесичката чај и прелијтеги со врела вода и оставете да отстои 5 минути.
- Ако имате свежо нане, наместо кесичка чај во чашата ставете неколку ливчиња нане и направете ја истата постапка.
- По пет минути, исцедете го чајот, додадете во него една лажица мед по сопствена желба и малку лимон и испијте го чајот додека е сеуште топол.
ВАЖЕН СОВЕТ: По подготовката на чајот, не фрлајте ги лукот и нането (доколку сте користеле свежи ливчиња). Ставете ги лукот и нането во устата, џвакајте бавно две минути и на крај голтнете ги за дезинфекција на устата и грлото инфицирани со бактерии.
Лукот, „крал“ на здравите намирници, има силни антибактериски и анти-воспалителни својства, и нането ги отвора дишните патишта и ја олеснува кашлицата, па овие две состојки во комбинација се моќен борец против настинки и бактериски инфекции на грлото.