петок, ноември 15, 2024
домаСпортРакометАПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да бидеме хумани и дел од тимот на Тони...

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да бидеме хумани и дел од тимот на Тони Шопов за да го победи овој најважен натпревар кој се вика ЖИВОТ

Ракометарот Тони Шопов, велешката ракометна легенда по многуте изиграни натпревари во неговата карирера, како во нашата земја така и во странство, последниве 3 години го игра најважниот натпревар за него…

Тони боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017год. на дел од дебелото црево пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија. Во 2019год. во втората операција Ретропиротонеална лимфаденектомија му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат повторно беа потребни циклуси на хемотерапија. По 3 месеци за понатамошно лекување е препратен во Турција на радиотерапија со специјални SBRT зраци кое досега беше успешно, но дојдено е до рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција со 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со SBRT зраци. За жал ваква терапија не е достапна во нашата држава. За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000€.

ИТНО е потребно да продолжи лекувањето во Турција кое чини 20.000€. Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и потребна ни е вашата помош. Драги сограѓани, пријатели, познаници и добри луѓе… АПЕЛИРАМЕ ДА ЈА ПОКАЖЕТЕ ВАШАТА ХУМАНОСТ НА ДЕЛО, СЕКОГАШ Е ДОБРО ВРЕМЕ ДА СЕ НАПРАВИ ДОБРО ДЕЛО.

Детали за собирањето средства на следниот линк , а тоа може да се направи и на овој линк.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ