понеделник, јануари 20, 2025
домаКујнаБензините поевтинуваат од полноќ, цената на дизелот останува иста

Бензините поевтинуваат од полноќ, цената на дизелот останува иста

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ има нови цени на горивата. Така, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за половина денар, и еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 59.00, а ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава за 61.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува иста односно 50.50 денари за литар.

И цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менува, односно останува 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,754 ден/кг. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ