Во Русија се потврдени 16.319 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на епидемијата, објави денеска рускиот кризен штаб.
Од вкупниот број новозаразени, 4.999 се регистрирани во Москва.
Од последниот пресек, евидентирани се 269 смртни случаи.
Во моментов има 321.392 активни случаи во Русија, пренесува „Тасс“.
Од почетокот на епидемијата во земјата заразени се вкупно 1.431.635 лица, од кои 24.635 починале. А.Н.