понеделник, јануари 20, 2025
домаЗемјотрес од 7 степени по Рихтер во Грција и Турција: Големи бранови...

Земјотрес од 7 степени по Рихтер во Грција и Турција: Големи бранови поплавија грчки остров! 

Земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер ги стресе грчките острови и дел од Турција во Егејското Море. Земјотресот се случи на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир. Медиумите јавуваат дека земјотресот се почувствувал до Истанбул. По првиот земјотрес следеа уште три со јачина од 4,1, 4,2 и 4,8 степени.

„Силен земјотрес го погоди турскиот брег на Егејското Море, северно од грчкиот остров Самос“, рекоа официјалните лица, пренесува BBC.

Медиумите јавуваат дека земјотресот го подигнал нивото на морето, а граѓаните се плашат дека областа е загрозена од цунами. Додека граѓаните се обидуваа да го спасат својот имот, некои не успеаја да го сторат тоа навреме, а морето поплави сè пред нив на околу 300 метри оддалеченост.

На снимката се гледаат поплавени улици на грчкиот остров. Локалните власти велат дека неколку згради биле оштетени. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ