Вчера по долго боледување на 69 години почина Данчо Чевревски, македонскиот театарски и филмски актер и продуцент, и догогодишен декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
„Драги пријатели на Академската сцена на ФДУ, со неизмерна тага и болка ја споделуваме со вас веста дека нашиот пензиониран професор, долгогодишен декан и драг колега Данчо Чевревски синоќа почина по долго и тешко боледување. Замина од животната сцена, но се врежа трајно во ансамблот на големите актерски легенди на македонскиот театар и филм. Со своите улоги остави силен белег во времето во кое живееше, а кај генерации и генерации студенти се врежа со неброени спомени и сеќавања за ведриот дух што ги учеше на актерскиот занает. Слава му!“, стои во веста од Академската сцена на ФДУ.
Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. а специјализирал на УКЛА во Лос Анџелес.
Чевревски глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, како „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“…А.Н.

