домаПочина митрополит Анфилохије, ќе биде погребан во храмот во Подгорица

Почина митрополит Анфилохије, ќе биде погребан во храмот во Подгорица

Митрополитот  црногорско-приморски Амфилохије почина денеска во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, соопшти Митрополијата. Погребот е во недела, а дотогаш камбаните на сите храмови во Црна Гора ќе ѕвонат три пати на ден – во 10, 12 и 16 часот.

Митрополитот Амфилохије почина утрово во 8,20 часот во Подгорица, а во тек се подготовки за пренесување на посмртните останки на починатиот митрополит во Цетиње, по што ќе биде погребан во криптата на Соборниот храм во Подгорица.

Митрополитот беше примен во болницата на 6 октомври годинава поради пневмонија предизвикана од новата инфекција со коронавирус. Пневмонијата се излечила, а вирусната инфекција престанала, што беше потврдено со негативен тест и евидентирано со официјален медицински извештај. Закрепнувањето се одвивало во добра насока, но нешто побавно од вообичаеното, што е карактеристично за постарите пациенти.

Здравствената состојба на Митрополитот се влошила вчера, 29 октомври, кога при утринскиот преглед било забележано дека митрополитот има потешкотии при дишењето со болка во градите. Сите анализи биле направени веднаш, а снимката покажала дека причина за отежнато дишење и болка е појавата на воздух во средниот дел на градите или пневмомедијастинумот, што често се случува во ситуации кога пациентот има чувствителни бели дробови поради времетраењето на воспалителниот процес и кои се на кислородна терапија подолго време. Оваа компликација на крајот довела до смртен исход, пренесуваат српските медиуми. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ