недела, декември 22, 2024
домаНасловнаТерористот од Виена не бил „волк самотник“, а се обучувал на Балканот?

Терористот од Виена не бил „волк самотник“, а се обучувал на Балканот?

Атентаторот Кујтим Фејзулај (20), кој во терористички напад во Виена во понеделникот вечерта усмрти четири лица, не бил „волк самотник“, туку бил тесно поврзан со австриската исламистичка сцена, посочува виенскиот дневен весник „Остерајх“.

Весникот наведува дека во фокусот на истрагата е џамија во 16-та област во Виена, која, како и Фејзулај, ја посетувале „познати“ исламисти како што е австрискиот џихадист Мохамед М убиен во Сирија и Мирсад Омеровиќ, осуден на 20 години затвор за ширење омраза, Австриецот со албанско потекло Лоренц К., кој како малолетник планирал терористички напади во Виена и е во притвор. Според медиумите, Омеровиќ регрутирал борци за Исламската држава во таа џамија.

Весникот се повикува на досието на Фејзулај, кој беше осуден на 22 месеци затвор за терористичко здружување и беше ослободен предвреме од затвор затоа што ги измами властите, убедувајќи ги дека е дерадикализиран. Во досието се вели дека младиот човек со македонско потекло е израснат според исламската вера и дека тој станал „салафистичко џихадистички поддржувач на политичкиот такфиризам“. Се додава дека тоа значи дека тој го одобрил насилството како начин да се наметне „вистинскиот пат“.

Фејзулај, заедно со еден пријател, се обидел да замине во џихад во Сирија, но не успеал во тоа, бидејќи бил уапсен од турските власти, кои го екстрадирале во Австрија, каде што беше изведен пред лицето на правдата.

За време на истрагата, по неговиот терористички напад, полицијата уапси 14 лица во повеќе градови во Австрија, кои имале врска со Фејзулај, за кои се смета дека се соучесници. Исто така во Швајцарија беа уапсени две лица кои имале контакт со него.

Сега, полицијата треба да одлучи кој го обучил Фејзулај да користи оружје и има траги што водат кон Германија, односно камп за обука на терористи во Северна Македонија, каде што често патувал.

Тој го изврши атентатот со автоматска пушка од производството на фабриката за оружје „Застава“. Полицијата сега истражува како тој ги набавил оружјето и муницијата.

Живеел со државна помош

Исламскиот терорист Кујтим Фејзулај, кој во понеделникот уби четири лица во центарот на Виена, живееше со државна помош. Бидејќи тој беше предвремено ослободен од притвор, каде требаше да „издржи“ 22 месеци од изречената казна за терористичко здружување, 20-годишникот со албанска националност, кој имаше австриски и македонски пасош, живееше на сметка на австриската држава.

По ослободувањето од затвор, тој се пријавил на Службата за вработување (АМС), која му понудила курс за ориентација кон пазарот на трудот, кој го завршил во средината на април. На курсот, како што е истакнато, тој бил целосно незабележителен и никој не ја забележал неговата радикализација.

Од мај тој добивал социјална помош во износ од 917,35 евра, а покрај тоа живеел во ефтин социјален стан во 22-та област на Виена.

Никој од соседите или луѓето што биле на курс со него не забележал дека тој има радикални исламистички ставови, што ги иизнесдувал, како што сега се покажа во кругот на неговите „пријатели“ во џамијата каде што се радикализирале многу австриски исламисти. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ