среда, декември 18, 2024
домаСпортМарадона танцувал по операцијата на мозокот, соопшти неговиот лекар

Марадона танцувал по операцијата на мозокот, соопшти неговиот лекар

Леополдо Луке, неврологот на Диего Армандо Марадона изјави дека легендарниот аргентински фудбалер се чувствува добро и дека дури и танцувал по операцијата на мозокот во вторникот, пренесува агенцијата Анадолија (AA).

Марадона беше примен во болницата во понеделникот вечерта и беше опериран следниот ден откако му беше дијагностицирано крварење во мозокот.

„Како прво, би сакал да кажам дека Диего е добро. И томографијата која му беше направена помина добро. Дури и танцуваше. Да, тој танцуваше “, изјави за медиумите Леополдо Луке, неврологот кој го следеше здравјето на Марадона со години и кој го оперираше.

Сепак, 60-годишниот поранешен врвен фудбалер, а потоа и тренер, ќе остане во болница уште неколку дена.

„Забележавме епизоди на конфузија и заедно со колегите во одделот за интензивна нега ги поврзавме со сликата на апстиненција. Значи, сметаме дека тој треба да остане тука, тоа е најдобро за Диего и тој го знае тоа. Треба да бидеме претпазливи затоа што сè уште сме во постоперативниот период. Јасно е дека нема невролошки компликации. Постојат и други параметри кои чекаме да ги процениме, бидејќи сè уште е многу рано, но закрепнувањето засега е одлично “, нагласи Луке. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ