понеделник, јануари 20, 2025
домаЖивотЗдравјеФајзер: Нашата експериментална вакцина против ковид е ефикасна 90 отсто

Фајзер: Нашата експериментална вакцина против ковид е ефикасна 90 отсто

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денес објави дека нејзината експериментална вакцина има ефикасност од над 90 проценти во спречување на ковид-19, врз основа на првичните податоци од голема студија, што претставува голема победа во борбата против пандемијата, пренесува Ројтерс.

Големиот процент на оние кои се заштитени ги прави наодите убедливи. Регулаторите соопштија дека ќе одобрат вакцина која е ефикасна само 50 проценти – заштитувајќи половина од оние што ја примаат.

Компанијата вели дека немало сериозни несакани ефекти.

„Денес е одличен ден за науката и човештвото. Првиот сет на резултати од нашето испитување на вакцината против ковид-19, фаза три, дава првични докази за способноста на нашата вакцина да спречи ковид-19“, рече Алберт Бурла, претседател и извршен директор на „Фајзер“.

Повеќе од 43.000 луѓе учествуваа во третата фаза на испитувања.А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ