Хаотични сцени избувнаа во ерменскиот парламент во раните утрински часови, кога демонстрантите, бесни од договорот за прекин на огнот со Азербејџан, влегоа во парламентот за да го осудат раководството на земјата за тој чин.
Ерменија, Азербејџан и Русија потврдија дека потпишале договор за ставање крај на воениот конфликт во регионот Нагорно Карабах, по повеќе од еден месец крвопролевање.
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан ја објави веста за потпишувањето на договорот на социјалните мрежи рано наутро во вторникот, по што беше потврдена од Кремљ и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
„Потпишаната трилатерална изјава ќе биде клучна точка во решавањето на конфликтот“, рече Алиев на телевизискиот пренос од онлајн средбата со рускиот претседател Владимир Путин. А.Н.

