понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаБектеши: Министерство за економија со буџет од 826 милиони денари за 2021...

Бектеши: Министерство за економија со буџет од 826 милиони денари за 2021 година (ВИДЕО)

Буџетот кој Министерството за економија го донесе за 2021. година, ќе изнесува 826 милиони денари, од кои 130 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари се наменети за капителни расходи, а 190 за субвенции, рече денеска на прес конференција министерот Крешник Бектеши.

Предвидено е да се реализираат сите програми и мерки на Министерството за што ќе се издвојат 47 милиони денари за програмата за енергетска ефикасност, 13 милиони за субвенции во приватните претпријатија, 50 милиони за поддршка на претприемништвото, 13 за субвенции за вградување на уред на погон на ТНГ метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, 140 милиони за изградба на гасоводната мрежа, а ќе продолжи и поддршката за домашниот туризам. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ