Албанологот проф. д-р Џеват Лоши и книжевниот критичар акад. Али Алиу се добитници на државната награда,,22 Ноември“ во 2020 за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија,
Во соопштението од одборот за доделување на наградата чиј претседател е проф. д-р Гзиме Старова се посочува дека наградата на Лоши и Алиу им се доделува „за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија“.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 Ноември 2020 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.А.Р.