домаНасловнаАвтомобил испишан со графити влета во капијата на канцеларијата на Ангела Меркел

Автомобил испишан со графити влета во капијата на канцеларијата на Ангела Меркел

Автомобил испишан со графити влета утрото на 25 ноември, во капијата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

На автомобилот со бела боја од едната страна е испишано: „Вие сте проклети убијци на деца и стари лица“, а од другата – „Стоп за политиката на глобализација“.

„Дојче веле“ пренесува дека никој не бил повреден во инцидентот, а возачот на автомобилот бил приведен.

Медиумите објаснуваат дека денес на дневен ред е видео-конференцијата на Меркел со шефовите на сојузните влади за прашањето за продолжување на карантинот, а исто така треба да се дискутира и за понатамошните мерки за борба против ширењето на корона вирусот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ