домаНасловнаСе роди бебе со антитела на Ковид-19 во Сингапур

Се роди бебе со антитела на Ковид-19 во Сингапур

Во Сингапур, мајка која беше заразена со корона вирусот за време на нејзината бременост во март, роди бебе кое имаше антитела, што им даде на научниците нови докази дека Ковид-19 може да се пренесе од мајка на фетус.

Бебето, кое е родено овој месец, нема Ковид-19, но има антитела, објави денес ТВ Ал Џезеира, повикувајќи се на „Стрејтс тајмс“, кој ги пренесува зборовите на мајката.

– Мојот лекар претпоставува дека ги пренесов своите антитела на бебето за време на бременоста – рече Селин Нг-Чан.

Имала лесна форма на инфекција и поминала две недели во болница заради превенција.

Светската здравствена организација сè уште не знае дали бремените жени можат да ја пренесат инфекцијата на фетусот за време на бременост или породување, сепак, овој случај покажа дека е можно.

До денес, вирусот не е пронајден во течностите околу бебето во матката или во мајчиното млеко.

Преносот на вирусот од мајка на новороденче е реткост, соопштија лекарите од Њујорк-Презвитеријан и Колумбија универзитетот во октомври. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ