четврток, ноември 21, 2024
домаКујнаОд полноќ повисоки цени на горивата

Од полноќ повисоки цени на горивата

Горивата од полноќ ќе се продаваат по нови повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така, за еден денар поскапуваат бензините, а за 1,5 денари од полноќ се зголемува  цената на дизелот.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 62,5 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 53 денари, а иста е цената и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1). А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ