вторник, декември 24, 2024
домаЖивотСценаДамиен Дубровник, Стринг форсис и Ведис на Десонанз 2017

Дамиен Дубровник, Стринг форсис и Ведис на Десонанз 2017

Егзотичните „Дамиен Дубровник“, со локална поддршка од „Стринг форсис“ и „Ведис“, на скопската публика ќе и приредат уникатно концертно доживување овој петок (осми декември) во Македонската филхармонија.

Во соработка со фестивалот Таксират, деветтото издание на Десонанз 2017 во Скопје го носи несекојдневниот проект,  „Дамиен Дубровник“, на двајца од најпрославените модерни композитори во современата музика и сопствениците на културниот феномен и издавачка куќа “Posh isolation” од Копенхаген, Локе Рабек и Кристиан Стадсгард. Настапите во живо на „Дамиен Дубровник“ се легендарни не само поради техничката перфекција на звучниот дизајн во нивната музика, туку и по нивните луцидни сценски перформанси и неверојатната харизма која ја носат на сцена.

Публиката ќе има можност да го проследи и ексклузивниот проект на македонските етноџез експериментатори „Стринг форсис“ (во комплетен состав). Специјалниот аудиовизуелен перформанс насловен “Копај подлабоко” ќе понуди подлабок осврт на опусот на „Стринг форсис“, со особен акцент на нивните музички експерименти подалеку од популарната музика, како и неколку уникатни, подлабоки и психоделични верзии на препознатливите хитови.

Вечерта ќе ја отвори Ведис, електроакустичниот проект на Клара која вооружена со својот глас и неколку инструменти ќе ја одведе публиката на магично аудио-визуелно патување.

„Десонанз“ е годишен фестивал кој истражува и експериментира со културните стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ