Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители. Нашата земја пак, е трета на црната листа во регионот, зад Словенија и Бугарија.
Статистичките податоци покажуваат дека во моментов најтешка е состојбата во Југоисточна Европа, каде Бугарија е на врвот на листата со 19,86, Северна Македонија со 14,88 и Босна и Херцеговина со 14,76 на милион жители, пренесува порталот „24 УР“.
На таа листа, Србија е на 14-то место со 8,1, а пред неа се уште Унгарија со 13,78 и Хрватска со 13,50 смртни случаи на милион жители.
Како што се наведува, на почетокот на пандемијата, Белгија имаше највисока неделна смртност со 28,77 смртни случаи.
Кога станува збор за вкупната смртност, најпогодена е Велика Британија, каде умреле 3,6 проценти од вкупниот број на пациенти, по што следи Италија со 3,5 проценти. А.Р.

