понеделник, јануари 20, 2025
домаГрција останува затворена до 7 јануари

Грција останува затворена до 7 јануари

Училиштата, рестораните, баровите, ски-центрите и терените ќе останат затворени до тој датум

Грција ги продолжи до 7-ми јануари строгите ограничувачки мерки насочени кон намалување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи полициски час во текот на ноќта и забрана за патување надвор од домот на префектурата, објави „Катимерини“.
Училиштата, рестораните, баровите, ски-центрите и терените ќе останат затворени до тој датум, рече владиниот портпарол Стелиос Пезас на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека владата ќе објави мерки за црквите, фризерите и продавниците подоцна оваа недела.

Грција објави карантин на 7-ми ноември, првично за три недели, по што го продолжи неколку пати.   Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ