Едно лице е повредено и се бори за живот, додека пет лица загинаа во несреќа што се случи вчера кога хеликоптер се урна над француските Алпи, изјави претседателот Емануел Макрон.
Хеликоптерот превезувал воздухопловен спасувачки екипаж, кој бил на обука, а се урнал од висина од 1.800 метри, тврдат локалните власти.
Еден од пилотите ја активирал функцијата за исфрлање на седиштето и успеал да ги информира властите за несреќата, пренесува Ројтерс. Друг пилот, двајца техничари и двајца планински спасувачи биле во хеликоптерот.
Властите испратија три хеликоптери кои не можеа да се приближат до местото на несреќата поради магла, а спасувачките служби, исто така, се обидоа да му пристапат од копно, се вели во соопштението од покраината Савој.
Француската агенција за несреќи во воздушниот сообраќај објави дека започнала истрага и дека ќе го испрати својот тим на местото на несреќата. А.Р.