И денеска продолжи виртуелната изложба на уметникот Живко Поповски Цветин, насловена ” Мироносната македонска цветна патека на мирот и пријателството” , која речиси цел месец е во тек на Улица Македонија, но денеска се пресели на Филозофскиот факултет во Скопје.
“Филозофијата е мудрост на/ во животот”,вели авторот, кој по повод голем и значаен јубилеј, 100 години од формирањето на Филозофскиот факултет, денес 16 декември, објави фотографии од”поцветувањето” на факултетот со негови цртежи, како и специјалната изработка цртеж за филозофот на нашето време професор д-р Ферид Мухиќ, и голем почитувач на делото на Цветин. В.Ѓ.