Деновиве се погласно се говори дека хроничните болни се оставени на цедило и дека во јавното здравство не можат да ја добијат редовната терапија која катадневно мора да ја примаат.
Пред некој ден во Прилеп имаше проблем со набавка на инсулин, по што пациентите се приморани да набавуваат по свои канали, кои лекови често можат да бидат кобни за нивното здравје. Дијабетичарите не можат никако да дојдат до апартчињата за мерење шеќер, ниту до лентите кои чинат и по 1000 денари, а ако ги добијат најчесто се без некој дел од приборот. Па така, последните апартчиња за мерење шеќер на пациентите им се даваат не спакувани и без потребниот „молив“ за боцкање.
Од пред два дена, пак, хрничните пациенти на ревматологија неможат да ја набават редовната терапија без која велат не можат да се движат. На Клиниката за ревматологија нема од лекот енбрел за реуматоиден артритис, како ни хумира ни имфлексимаб. Сите овие лекови се неопходни за хроничните болни кои патат од еуматоиден артрит и како што велат нивното не примање може да предизвика влошување на состојбата, висока седиментација, покачено ЦРП и отежнато движење.
Пациентите тврдат дека веќе 2 месеци не се порачува ништо од нивната терапија и дека сите се оставени на милост и немилост. Прашуваат до кога ќе останат без терапија и дали само короната е болест и дали и другите болести треба да се третираат подеднакво како и короната!
Н.Д.