вторник, ноември 19, 2024
домаКујна#CookingwithAndrea предлага колачи „за љубовна 2021“

#CookingwithAndrea предлага колачи „за љубовна 2021“

Од рецептите на #CookingwithAndrea, во предвечерието на Новата Година ви ги предлагаме колачите „за љубовна 2021“
Потребни состојки:
350г брашно
100г шеќер
ванилин шеќер
1 јајце+1 жолчка
200г путер
+
шеќер во прав
џем/нутела
Подготовка:
Путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги со миксер. Додајте го јајцето+жолчката. На крај со брашното замесете го тестото. Ставете го помеѓу два листа хартија за печење и исукајте го. Така кората ладете ја 1 час во фрижидер. Извадете ја, исечете форми и печете во загреана рерна на 180с, 7-8 минути, или додека благо заруменат. Почекајте да се оладат, спојте ги со џем или нутела, и врз нив наросете шеќер во прав.
Добар апетит!
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ