Синоќешното отворање на второто издание на КРИК фестивалот за критичка култура, во Музејот на современа уметност, помина во знакот на светски познатиот уметнички колектив „Что делат“ од Русија, кои ја презентираа својата работа, а Оксана Тимофеева, една од членовите, одржа воведно предавање.
Фестивалот го отвори министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој рече дека темата на фестивалот е одлично погодена, затоа што токму тоа се главните предизвици со кои сега се соочуваме како општество.
„Од една страна да излеземе од транзицијата, да и ставиме крај и тоа се и политичките цели на новата влада и на сите нас кои учествувавме во таа опозициска и шарена револуција што ги донесе промените во Македонија. А од друга страна, спасот или излезот од заробеноста во тие огледала кои постојано ни се повторуваат, ќе биде најтеѓката задача, значи конечно да тргнеме и да ги конструираме и општествените и културните и уметничките текови, пред се самите политичките и економските на поинаков начин, а не така што постојано ќе ги повторуваме коруптивно клиентелистички практики, без разлика кој ќе дојде на власт, односно некогаш општествените инерции некогаш се посилни од општествените структури доаѓаат на позицијата на моќ. Ми се чини дека тоа е клучниот момент којшто сега ние го чекориме и токму затоа и понатаму е потребен и притисокот и отвореноста и критичноста на јавноста.
Тој рече дека потребата да се базира критичкиот дискурс врз посериозни тексови, анализи, аргументи. „А за жал, плакатниот пристап, пристапот на социјалните медиуми ја дефинира оваа јавност, кои боледуваат од она штоги каректеризира современите социјални медиуми, а тоа е површноста, имањето попрво став, кој најчесто предрасуда или е неаргументирано мислење, или е допрен глас, отколку што информација и потоа интерпретација на таа информација. Една од полититиките на министерството за култура ќе биде јакнење на критичката мисла. Многу е битно ова за кое се залага КРИК како култура, сериозна издржана и темелна критичка мисла да има ки каде да се објави. Има потреба да ги поддржиме луѓето што сакаат да бидат критички мислители, а и повторно да ги обновиме просторите за развој на критичката мисла, што понатаму ќе биде база за евалуација, дефинирање на критериумите и целите на културните политики“, рече министерот Алаѓозовски.
Искра Гешоска, претседателка на „Контрапункт“ истакна дека КРИК фестивалот и во своето второ издание продолжува да ги истражува односите на проникнувањето на културата, уметноста, политиката и политичкото.
„Нас ни е многу важно дека ја продолжуваме оваа битка, со ваша поддршка, сосздавајќи во овој простор,кој прилично долго беше задушен во отсуство на таа критичка култура и на тие процепи, кадешто провираше критичкото мислење, сепак може, веруваме дека може заеднички да произведеме поинаков контекст во кој ќе функционира критичката маса и тоа го правиме заедно и затоа велиме дека овој фестивал е отворена платформа за критичка култура“, рече Гешоска
Низ темата на фестивалот „Постојано во транзиција, зарбеност во скршените огледала“, Гешоска рече дека се проблематизираат различните наличја на побуната во уметноста. „Во последно време, сведочиме на еден билборд, плакатна, декларативна, би рекле, проектна уметност и сакаме да истражиме како уметноста да ги најде своите вертикали на поинакво делување.Втората тематска целина на фестивалот е „Светот околу нас и критичките ставови во регионот“ која се застапува за развој и релевантност на критичката валоризација која е целосно отсутна“, додаде таа.
Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Фондација отворено општество – Македонија, Гете-институт Скопје, Фондацијата Култура нова од Хрватска, Фармахем и Министерство за култура на Република Македонија. Логистички партнери на фестивалот се: НУ Музеј на современа уметност – Скопје и порталот окно.мк Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа од Загреб и kuda.org од Нови Сад.
Фотографии: Ванчо Џамбаски