Во очекување на нови мерки на Владата, како резултат на ширењето на заразата со вирусот и зголемената смртност, мајките кои во моментот се на трудниќко боледување прашуваат дали некој мисли и на нив и бараат продолжување на породилното отсуство. До редкацијата на ТЕХТ.МК тие испратија отворено писмо до минситрите за здравство и труд и социјална политика, Филипче и Шахспаска, како и до Комисија за заразни болести.
Во писмотот се вели:
„Почитувани, ние мајките кои сме на породилно отсуство бараме да се продолжи платеното породилно отсуство. Ние сме во многу незавидна состојба бидејки немаме можност да ги оставиме бебињата никаде за да тргнеме на работа. Имено градинките сеуште се небезбедни (воспитувачките може се негативни,но може некое дете да е носител и да ја рашири болеста), а поради социјалната дистанца не можеме, а и немаме сите услови да ангажираме дадилки (не знаеме со кого биле во контакт). Поради тоа бараме да го заштитиме здравјето на нашите најмали и најранливи и да го продолжите платеното породилно отсуство. Сега кога бебињата се најнемоќни, а ние за нив најпотребни. Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време и нема да бидеме во неизвесност, бидејки состојбата со вирусот никогаш не била посериозна. Ова е мал чекор за државата,а голем за нас.“
А.Н.