Пишува: Наташа Доковска
Пишувам во прво лице, затоа што веќе ми е преку глава од колективните лаги во кои сите учествуваме, а никој не сака да ги изговори на глас. Според бугарските политичари и медиуми, во последните години стотици илјади македонски граѓани земале бугарски пасоши. Бројките варираат зависно од потребата на дневната политика, но наративот е ист: Македонците полека, но сигурно стануваат Бугари.
И,тука доаѓа моето прашање.
Ако навистина има 400.000 нови „Бугари“ во Македонија, тогаш што остана од нас?
Според таа логика, секое второ семејство треба да има барем еден „Бугарин“. Секоја институција, секој медиум, секоја партија, секоја компанија.
А можеби и има.
Само што никој нема храброст да каже дека проблемот не е пасошот.
Проблемот е што почнавме да го продаваме идентитетот по цена на нискобуџетен билет и право на работа во Германија.
Да не се лажеме. Огромен дел од луѓето не земаа бугарски документи затоа што се чувствуваат Бугари. Ги земаа затоа што државата во која живеат не им понуди перспектива.
Но, уште поголем проблем е што денес веќе никој не прави разлика меѓу економска нужда и национално чувство.
Бугарската политика тоа одамна го сфати.
Затоа денес не се бројат само пасошите.
Се бројат луѓето.
Се бројат имињата.
Се бројат јавните личности.
Се бројат новинарите, професорите, бизнисмените и политичарите.
Последниве месеци бугарски медиуми почнаа да објавуваат списоци и „откритија“ за познати Македонци кои поседуваат бугарско државјанство. Со посебно задоволство ги истакнуваат оние кои креираат јавно мислење.
Пораката е едноставна:
„Погледнете ги вашите елити. И тие се наши.“
И тука станува навистина непријатно.
Затоа што додека ние се караме по Фејсбук за историјата, некој друг ја освојува сегашноста.
Како очекуваме да го чуваме македонскиот идентитет кога луѓето кои секојдневно ни објаснуваат што да мислиме, за кого да гласаме, што е патриотизам и што е предавство, во исто време се дел од статистиката со која друга држава докажува дека ние не постоиме?
Како очекуваме младите да веруваат во македонскиот идентитет кога гледаат дека најгласните патриоти први стојат во ред за туѓ пасош?
Како очекуваме почит однадвор кога самите се продаваме на попуст?
Не ме плаши Бугарија.
Ме плаши Македонија.
Не ме плаши тоа што некој во Софија мисли дека сум Бугарка.
Ме плаши тоа што во Скопје сè помалку луѓе се навредуваат кога ќе им го негираш идентитетот.
Навикнавме.
Станавме рамнодушни.
Нè убедуваат дека идентитетот е прашање на административен документ, а не на јазик, култура, историска меморија и личен избор.
Утре може да земам и шпански, и португалски, и австралиски пасош.
Но нема документ на светот што ќе ме натера да престанам да бидам Македонка.
Проблемот е што денес веќе не се води битка за пасоши.
Се води битка за свест.
А во таа битка губиме со брзина што не сакаме ни да ја признаеме.
Затоа што најлесно е да ја обвинуваме Бугарија.
Најтешко е да се погледнеме во огледало.
И да си признаеме дека идентитетот не ни го зема никој.
Полека го предаваме сами.
Еден пасош, едно молчење и едно оправдување по едно.