Денеска во еден ден се поставени неколку рекорди на епидемијата, и тоа најголем дневен број на новодијагностицирани (1.502), највисок седумдневен просек на новодијагностицирани (1.114, портокаловата линија на првиот дијаграм), но исто така и највисок седумдневен просек на дневниот број на починати (33,7). Пикот на умирањето во ноемврискиот бран беше достигнат 10 дена по пикот на заразувањето, што значи дека пролетниот пик на умирањето ќе биде достигнат околу 20.04.2021, десетина дена по предвидениот пик на заразувањето, којшто најрано би настапил околу 10.04.2021, пишува во својата елаборација на темата Дејан Трајков на неговиот фејсбук профил. Според него е многу веројатно дека во некои денови во втората половина од месецот ќе има и преку 50 смртни случаи.
Рекорден број на новозаболени од Ковид19, над 30 починати
Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19.
Пријавени се вкупно 32 починати лица: 13 од Скопје (84г,83г,77г,75г,73г,68г,66г,64г, 63г,63г,51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г).
Регистрирани се 587 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!