Од детска музичка ѕвезда и претставничка на Детска Евровизија, како брзо да стана тинејџерка и нова тинејџерска атракција. Марија Спасовска и Дарко Димитров повторно ја будат македонската музичката сцена со новата модерна тинејџ песна “Број еден”.
Марија со нов стил, овојпат како автор на музиката и текстот во студиото со Дарко Димитров направија нова естрадна револуција со песната “Број еден” за македонската млада музичка генерација. Со модерен стил и несомнено одличен аранжман Дарко Димитров направи Марија да прозвучи повторно музички сериозно со нејзините 15 години.
Режисерот на видеото Зоран Зонде Стојановски инспириран од тинејџерската љубовна порака “те имам и те немам” го направи видео спотот да изгледа “наше, а светски”. А, Даниел Николовски и Мите Занов се погрижија Марија да изгледа совршено и низ неколку современи стилови да ја прикажат модерната верзија на новото тинејџ време.