„Гуд мјузик продакшн“ (GM-Production) ги објави најновите две видео изданија на својот ексклузивец Игор Узунов. Станува збор за новогодишна песна со видео запис,како поздрав и честитка до сите граѓани со желби за убава и успешна 2018 година за сите, а особено за сите дечиња. На песната со наслов „Среќна нова…“ како комплетен автор се јавува Игор Узунов.
Втората песна со наслов „Ангел чувар“ е песната со која Игор Узунов во 2012 година ја претставуваше Република Македонија во Кипар и во финалето на „Голден мелоди“ во монденското летувалиште Аја Напа се искачи на високото трето место. Автор на музиката и аранжманот на песната е Бертан Аслани, а текстот е на Елена Трајковска.
Двата видео-записи се во реализација на Томче и Кико Шуклеви од студио „Спектар КМ“ од Гевгелија во режија на м-р Ќазим Асотиќ.