Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС) утврди низа забелешки на Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина, кој го објави Министерството за животна средина и просторно планирање, и бара да биде вклучен во работна група за доработка на законското решение.
Предлог-законот не ги дефинира јасно надлежностите на државните и овластените инспектори и начинот на меѓусебна координација, не нуди механизми за контрола против неажурно, неодговорно и коруптивно спроведување на инспекцискиот надзор и не предвидува начини за технолошки развој и доопремување на инспекторатите, се клучните забелешки на претставници на ГИС кои ги изнесоа на денешната прес-конференција.
„Според предложеното законско решение, инспекторите се претвораат во бирократи кои треба да водат политики и да пишуваат стратегии и програми, наместо да бидат борци против загадувањето на животната средина. Му фалат реални алатки, за Државниот инспекторат за животна средина да не биде бирократска, туку добро обучена и опремена институција“, вели Лилјана Поповска, координаторка на Граѓанскиот инспекциски совет.
Таа додава дека предлог-законот не обезбедува учество на јавноста во следењето на работата на инспекциските служби. „Предлагаме Граѓанскиот инспекциски совет да биде вграден и формално како структура, како еден активен граѓански контролен механизам врз работењето на Инспекторатот и да се обезбеди задолжителна информатичка платформа за транспарентност на процесот од пријавувањето на загадувањето, преку спроведувањето на инспекцискиот надзор, до изрекувањето на мерките“, изјави Поповска.
Од ГИС велат дека предлог-законот не ги предвидува стандардните оперативни процедури и листите за проверка како задолжителни при инспекцискиот надзор, што може да предизвика необјективност од инспекторите, но и правна несигурност кај субјектите врз кои се врши инспекциски надзор.
„Предложените законски одредби со кои се утврдуваат формата и содржината на обрасците и актите се во директна колизија со Законот за инспекциски надзор, што може да доведе до постоење на паралелни системи за координација и стратешко планирање, како и до судир на надлежностите помеѓу Државниот инспекторат за животна средина и Инспекцискиот совет за инспекција во сите области“, вели Кирил Ристовски од ЦЕД Флорозон. Тој смета и дека предлог-законот не ja препознава доволно нужноста од меѓуинституционална соработка во спроведувањето на инспекцискиот надзор.
Експертот по управно право Жарко Хаџи Зафиров вели дека предлог законот создава конфузија што всушност се сака да се уреди со него.
„Со разграничувањето на надлежностите, структурата и работата на Државниот инспекторат за животна средина ќе добиеме квалитетно законско решение затоа што многу е тешко да се обединат надлежностите во однос на спроведувањето на инспекцијата во животната средина на државно и локално ниво. Политичката цел на овој закон е да се приближат овие надлежности и да се има кохезија помеѓу државното и локалното ниво, но, од друга страна, треба да се искристализираат работите и да се усогласат со сите останати закони кои што ја регулираат институционалната поставеност на органите на централно и на локално ниво“, смета Хаџи Зафиров.
Во предлог-законот нејасно е и како Министерството за животна средина и просторно планирање проценило дека донесувањето на законот нема финансиски и буџетски импликации, особено ако се има предвид дека предложениот закон предвидува обврска за вработување на најмалку еден овластен инспектор за животна средина во општините.
Денешната прес-конференција на Граѓанскиот инспекциски совет беше организирана во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии.