Успешен старт на новата скопска продукција „Три гонга“, во искулирана предновогодишна атмосфера, викедеов славеа дел од екипата и познати македонски рокери.
Во „Мезе бар Цреша“ се собраа познати рокери, меѓу нив Влатко Илиевски,Славчо Стојановски од „Морал“ и други, наздравуваа со Александар Пејчиновски, еден до тројцата сопственици на агенцијата, покрај Васја Ивановски и Здравко Ситновски- Ситна.
Доследни на својот рокерски стил тие се забавуваа во клуб во кој често се одржуваат рок свирки, а и истакнаа дел од врамените постери од уметниците кои одржаа концерти досега.
„Три гонга“ почна со работа пред неколку месеци, и во својата реализирана програма веќе ги запиша настапите на Дамир Пух, Дамјан Пејчиноски , Давид Нешкоски, Ерик Геилс, Денис Чамберс , „Д Хагис Хорнс“. За 2018 година „на големо“ го најавуваат јануарски концерт на „Морал“, потоа и други домашни, исто и светски имиња.
Овие концерти во „Станица 26“ на Скопје му даваат урбана музичка боја.