домаПромовиран календарот на Скопскиот џез фестивал за 2022 година

Промовиран календарот на Скопскиот џез фестивал за 2022 година

Денеска во Макка бар се одржа џез-матине по повод промоцијата на новите календари за 2022 година, на Скопскиот џез фестивал, во варијанта – голем за на ѕид и мал за на бироа.

Присутни беа претставници од медиумите и од уметничкиот свет на Скопје, а пред нив настапи триото на џез- гитаристот Филип Букршлиев, кој е актуелен добитник на наградата најдобар млад џез-музичар во Македонија.

Триото го сочинуваат- Филип Букршлиев – гитара, Андреа Мирческа – контрабас, Славчо Коцев – тапани.

Календарот е во изработка на Жига Коритник, постојаниот соработник на нашиот најславен фестивал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ