„Медиуми, слобода на говор и демократија“ е прво од серијата видеа во кампањата на ЗНМ и ОБСЕ за промоција на етичките и професионалните стандарди во медиумите.
Идејата е преку видеата да се потсети јавноста да избегнува родово насочени навреди и да се илустрира важноста на улогата на професионалното новинарство во едно демократско општество и да се стави акцент на слободниот пристап до информации кој е од клучно значење за јавноста.Првото видео зборува токму за начинот како да се стигне до бараната информација.
Кампањата која е на три јазици, македонски, албански и англиски, има за цел да придонесе кон зголемување на безбедноста на новинарите онлајн и офлајн, да се намали бројот на заканите и нападите кон новинарите и медиумските работници во земјава.
Исто така, целта е да се зголеми јавната свест кај пошироката јавност за штетните ефекти од вербалните напади како што е говорот на омраза и секако да се крене свеста за физичките напади.

