недела, декември 22, 2024
домаЖивотСценаБраќата Тошевски со заедничка песна, преработка на "Стари спомени"

Браќата Тошевски со заедничка песна, преработка на “Стари спомени”

Браќата Даниел и Виктор Тошевски направија нова преработка на легендарна фолк песна “Стари спомени”. Песната е отпеана на фестивалот “Фолк фест Валандово ’89” од покојниот Момо Николовски, кој е и автор на текстот.
-Музиката е на Григор Копров и имавме дозвола да ја преработиме со нов клавирски аранжман, кој го направи Виктор Тошевски и го отсвире клавирот. Се снимаше во студиото “Подрумот” кај Ангел Ќосев, а придружните вокали ги пеат Анастасија Илиевска и Викторија Ефтимова, ученички од музичко- балетско училишен центар “Илија Николовски Луј” Скопје. Инаку девојките што ги пеат придружните вокали како деца беа членки на “Златното Славејче”исто како и мојот брат Виктор, нѝ објасни Даниел.
Тој додава:
-Редно беше да оставиме братски печат по кој нашата публика ќе нѐ помни кога е во прашање народната музика , но ова е нешто уметничко. Народно, а културно со клавирска изведба. Нема што посебно да се каже за песнава, ќе ѝм ја пуштиме на радио станиците и телевизиите, па нека проценат сами колку вреди , со радост нагласува Даниел.
Овој познат интерпретатор минатата година ја заокружи со успех. На манифестацијата “Музички смотри” во организација на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, која се одржа на 28 Декември во Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз” Скопје, ја освои првата награда од стручното жири со песната “Ти ли се најде Лено мори” која ја преработи минатата година.
Нема година, а да не триумфира во нешто, од областа на музиката, и тој и неговиот талентиран брат. Годинава, продолжуваат во тој работен ритам.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ