Ова е период од годината кога родителите се борат со честите детски настинки, кашлицата, но и со цревните вируси, гастроентеритисот, кој не е карактеристичен само за летото, како што најчесто се мисли.
Гастроентеритис кај децата може да биде предизвикан од различни вируси. Во нашето поднебје, рота вирусот е најчест виновник кај децата во зимскиот период, но и други вируси можат да предизвикаат цревни инфекции (аденовируси, калицивируси, норовируси), особено кај возрасните, меѓутоа, во дури 65 проценти од случаите предизвикувач е ротавирусот.
Една инфекција не штити од повторно заболување
Рота вирусот е многу заразен, па затоа не треба да чуди кога се дознава дека до 5-тата година повеќето деца барем еднаш се заразиле со овој вирус. Исто така, важно е да се знае дека инфекцијата не го штити детето од нова инфекција, па во текот на детството може неколку пати да се разболи од ротавирус гастроентеритис. Најчесто се заболени доенчињата и малите деца на возраст под 3 години.
Бебињата помлади од 6 недели може да се каже дека се природно заштитени од ротавирус. Се чини дека цревните клетки на таа возраст сè уште немаат рецептори на кои вирусот може да се закачи и да влезе во клетката. Најмногу од се, новороденчето е заштитено со антитела кои ги примил од мајка му преку плацентата. Доењето постојано ја зголемува оваа одбрана. Со секој оброк, доенчето добива антитела кои делуваат на ниво на цревната слузница и се најдобрата превенција од инфекција.
„Семејните епидемии“ се вообичаени
Рота вирусот (како и другите вируси кои предизвикуваат цревни инфекции) се пренесуваат со директен контакт со заразено лице, но и преку храна, вода или предмети со кои детето доаѓа во контакт.
Најчест е фекооралниот начин на пренесување, кога детето го внесува вирусот со раце или предмети заразени со столицата на заразеното лице. Вирусот е отпорен во надворешното опкружување, па опстојува долго време на предмети и играчки кои не се измиени и дезинфицирани. Инфекцијата е честа појава во детските градинки и болници. Бидејќи вирусот се пренесува и преку капки. Преку ситни капки плунка што заразеното лице ги шири низ околината кога зборува, кива и кашла.
Инфицираното дете е извор на инфекција непосредно пред почетокот на симптомите, за време на траењето на болеста и уште 7 дена по престанокот на симптомите. Родителите и другите членови на домаќинството често се заразуваат од болно дете, во форма на мали семејни епидемии.
Дехидрацијата е најсериозниот симптом
Откако ќе влезе во телото, вирусот се населува во тенкото црево каде што почнува да расте. Вирусни честички почнуваат да се размножуваат во клетките на цревниот епител. Првите симптоми обично започнуваат два дена по изложувањето на вирусот. Појава на гадење и повраќање, придружени се со покачена температура и треска. Потоа следи водена дијареа која трае од 3 до 7 дена. Често е придружена со абдоминална болка и губење на апетит. Кај здрави возрасни, симптомите може да бидат многу благи или целосно отсутни. Најсериозен симптом, всушност компликација, кај децата е губење на течности и дехидрација.
Потврда за Ротавирусна инфекција се добива со изолирање на вирусот од столицата. Сепак, негативниот наод не може да ја исклучи инфекцијата. Изолацијата на вирусот ретко се спроведува во пракса, бидејќи не постои специфична терапија. Се применуваат истите мерки како и за другите цревни вируси. Ротавирус со право се сомнева кога ќе се појави во доцна есен и зима. Особено ако е во форма на мали епидемии во детските градинки.
Непријатноста обично поминува за 3 до 7 дена
Иако симптомите се непријатни, инфекцијата обично се лекува дома, особено кај постарите деца. Најважно е дополнително внесување течности, за да се спречи дехидрација. Непријатностите обично поминуваат спонтано за три до седум дена.
Ротавирусната инфекција често бара болничко лекување кај доенчиња. Бидејќи тешката дијареа и повраќање, придружени со треска, брзо доведуваат до губење на течности и минерали и дехидрација.
Кога да го однесете вашето дете на лекар?
Дијареата трае подолго од 24 часа.
Се препорачува да побарата лекарска помош доколку:
-Детето често повраќа.
-Има црни столици или траги од крв во столицата.
-Изгледа уморно, раздразливо или како да има болки.
-Има знаци на дехидрација. Сува уста, плачење без солзи, оскудно мокрење, воспалена фонтанела, ако е поспан.
Не постои специфичен лек кога инфекцијата веќе се појавила. Антибиотиците не само што не ја лекуваат инфекцијата, туку можат да имаат и негативен ефект. Затоа што ги уништуваат корисните цревни бактерии (физиолошка флора) кои исто така позитивно влијаат на одбраната на организмот. Значи тие не треба да се даваат во случај на вирусни инфекции.
Пробиотици во третманот на рота вирусот
Пробиотиците се широко користени во третманот на дијареа кај децата. Официјалните препораки се дека на децата треба да им се дава пробиотик во случај на акутна дијареа. Очекуваниот ефект е пократко времетраење на симптомите и должина на болничко лекување (за еден ден). Пробиотиците се користат како додаток на рехидратацијата и треба да се администрираат рано во текот на третманот. Ефектот на пробиотиците е поврзана со специфичниот вид и доза. Препорачаната должина на третманот е 5 до 7 дена. Препаратите кои содржат Lactobacillus rhamnosus и Saccharomyces boulardi имаат високо ниво на препорака.
Опоравување од рота вирусот
Телото се ослободува од Рота вирусот на релативно едноставен начин. Цревните клетки кои се нападнати се веќе главно на крајот од нивниот животен циклус и предодредени да бидат заменети. Кожата и мукозните мембрани постојано се обновуваат. Во текот на 3 дена, заразените клетки се отстрануваат од телото преку столица. Не се препорачуваат лекови за спречување на дијареа.
Исхрана на дете со дијареа
Ако вашето бебе цица, продолжете да доите. Ако вашето бебе се храни со вештачко хранење, почесто давајте мали количини течност за рехидратација. И млечната формула што нормално ја добива. Не ја разредувајте млечната формула. Понудете му на постаро дете блага храна која не содржи додаден шеќер. Шеќерот во храната може да ги влоши симптомите на дијареја. Понудете интегрален леб и крекери, посно месо, јогурт, овошје и зеленчук. Ако детето не се чувствува добро, поттикнете го да се одмори. Внимавајте на внесот на течности. Избегнувајте сок од јаболко, млечни производи освен јогурт и засладени пијалоци.
Важно: миење раце и дезинфекција
Општите превентивни мерки тешко се спроведуваат во детските одделенија и јасли. Бидејќи вирусот се шири и со инфекција со капки. Значи, помалите епидемии кај помалите деца се неизбежни. Најважната мерка за спречување на ширење на инфекцијата е добрата хигиена на рацете. Миење раце со сапун и вода, особено по користење на тоалетот или менување на пелената на детето. Миењето на рацете е исто така неопходно пред да се нахрани детето и да се подготви храна. Како и внимателно миење на овошјето и зеленчукот.
Средствата за дезинфекција на база на алкохол, кои најчесто се користат, имаат мало влијание врз Ротавирусот. За време на болеста, како и по болеста, потребно е темелно чистење и дезинфекција на предметите и површините со препарати од хлор. Измијте ги алиштата и постелнината што може да се контаминирани со вирусот во топла вода со детергент.
Вакцинацијата е задолжителна
Најдобра превентивна мерка е вакцинацијата. Природната инфекција не му обезбедува на детето целосна заштита од повторна инфекција. Децата кои не биле вакцинирани имаат потешки симптоми при нивната прва инфекција со Ротавирус. Тие, исто така, имаат поголема веројатност да бараат болничко лекување. Вакцинацијата исто така не му обезбедува на детето целосна заштита. Но, 9 од 10 вакцинирани деца ќе бидат заштитени од потешка форма на болеста. А 7 од 10 ќе бидат целосно заштитени од инфекција.
Ротавирусна вакцина кај нас е обавезна и е влезена во календарот за задолжителна имунизација. Оваа вакцина се спроведува со орална ротавирусна вакцина во три дози со ставање капки во устата на детето, на возраст од шест недели до 32 недели. Првата доза од вакцината треба да се даде пред детето да наполни 15 недели, додека сите три дози на вакцината треба да бидат примени пред да наполни осум месеци.
Подготви: А.Накова