домаКујнаДва послаби земјотреси утринава во Македонија

Два послаби земјотреси утринава во Македонија

Два послаби земјотреси беа регистрирани утринава во Македонија. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичниот факултет утрово во 2 часот и 26 минути регистрирала земјотрес во околината на Охрид со јачина од 2,1 според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил десет километри источно од Охрид.

Вториот земјотрес е регистриран во Скопје, три минути по осум часот.  Епицентарот на земјотресот со јачина од 2.3 степени бил седум километри источно од Скопје, на длабочина од два километри.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ