вторник, октомври 22, 2024
домаТеатарска претстава „Писание": Децата глумеа и се радуваа!

Театарска претстава „Писание”: Децата глумеа и се радуваа!

Претставата “Писание” се одигра минатата сабота во преполната салата на Општина Велес. Велешките ученици беа одлични во својата изведба.
Претставата го одгатнуваше прашањето „што е тоа судбина“ и на сцена спои повеќе аспекти на третирање на животот на Александар Македонски, Филип Втори, Кочо Рацин, Апостол Павле…
Ја изведе драмското студио „Словото“ , по менторство на познатата велешка актерка Весна Димитрова- Бобевски.
Со младите актерки и актери поразговаравме за нивните впечатоци, и тие сите се позитивни.
Еве што ни рекоа:

*
Михаил Здравковски: Глумејки ја улогата на Свети Апостол Павле, се потсетив на големите и свети нешта кои се случиле во нашата татковина.
*
Мартин Пановски: Мене ова ми е втор настап во театар а сум глумел и во спот. Сега имам 9 години и сѐ уште размислувам дали да бидам актер како баба Весна или да бидам фудбалер.
*
Бисера Пешевска: Јас имам 5 години и сакам сите да ме гледаат посебно баба и дедо.
*
Јована Станковска: Моето прво искуство на сцената беше возбудливо, на почетокот бев многу возбудена и имав трема, но подоцна кога веќе започнавме се соживеав и заборавив на тремата, но во целина многу уживав во целиот настан.
*
Михаел Наунчев: Голем е предизвикот и одговорноста да се глуми Филип Втори Македонски, но неколкукратно е поголема честа и задоволството барем на кратко да се биде Филип Втори кралот на Македонците.
*
Каја Тевчева: Моите први настапи и дружења со Весна се од мојата 5-та година. Сега имам 11 години и ова е мојата природна средина на сцената.
*
Сара Кимова: Да бидам искрена на почетокот не бев доволно сигурна во себе си… Сега знам дека тоа е прекрасно чувство, дружба, возбуда, предизвик….
*
Стефан Јанчев: Сосема случајно влегов во претставата и сосема се пронајдов себе си тука. Иако имав трема на почетокот, уживав во настапот а сега желбата за нови настапи е двојна.
*
Ивана Милошева: Со уживање ја одиграв улогата на Олимпија, мајката на најголемиот, најпознатиот и најхрабриот македонски крал, Александар Трети Македонски во оваа претстава. Таа е доминантен лик кој има големо влијание во животот и развојот на својот син.
*

Теодора Циунова: Ова беше мое прво искуство во театар. Она што го споделив со присутните кои ја гледаа и следеа претставата ме научи и мене и нив за тоа што значи судбината. Ние како млади актери кои првпат заедно се соочивме со тремата и аматерството,сепак излеговме како победници на сцената. Искуството ми е позитивно, и веќе верувам во себе.
*
Андреј Ристовски: За мене оваа е прва улога и прво искуство на сцена и имав трема, но сигурен сум дека понатаму тремата ќе исчезне. Одлично се дружевме со Мартин, Михаела, Бисера, Јована, сите се за мене нови другари.
*
Изабела Димков: Со оваа претстава ги научив гледиштата за судбината: историските, научните и религиозните. Чувството на сцена треба да се доживее, бидејќи е тешко да се објасни таа возбуда, таа мала, но позитивна трема. Сакам да глумам бидејќи тогаш се пронаоѓам себе си.
*
Теодора Панова: Ова не е мое прво искуство со театарот, но морам да признам едно од најпосебните. Јас чинот на вршење нарација за сцената со Свети Павле го имав одржано два пати претходно, но никогаш во ваква атмосфера каде што целата таа приказна си го најде местото меѓу другите настани од минатото на човештвото. Го сакам театарот и можноста да ја пренесам убавината на делата на апостол Павле пред нашата велешка публика беше едно од поубавите искуства на сцена.
*
Ема Арсова: Сцената е мојата душа, таму сум своја и таму ја гледам мојата животна професија
*
Ева Чингарова: Јас многу сакав да глумам во училишните приредби, но мене желбата ми се исполни тука во Драмското студио „СЛОВОТО“. Многу сум среќна.
*
Сандра Димитриева: Ова беше мое прво искуство во театар, како за прв пат малку се срамев и имав трема. Сакам и понатаму да сум дел од оваа екипа.
*
Ристе Темелков: Се чувствував целосно исполнет а истовремено и голема чест што го глумев Александар Трети Македонски. Великан кој што ја обележал Македонија.
*
Ана Ќумбева: Ова беше мојата прва улога на сцена, на почетокот на претставата имав трема, но веднаш потоа се препуштив и уживав. Научив многу за тоа што е „Писание“ или „Судбина“ благодарение на тетка Весна. Едвај ги чекам следните пробите и следниот настап со претставата
*
Ева Љуткова: Јас не се плашам од настап на сцената, едноставно уживам, тоа е најубавото чувство.
*
Антонина Димова: Многу посебна уметност и одговорно чувство, посебни доживувања и емоции помеѓу трема и исполнетост, едноставно- уживање.
*
Илија Најдов: Бев полн со емоции и се чувствував прекрасно бидејќи глумев многу значаен лик за Велес и Македонија. Ме гледаа многу очи, меѓу кои и на моите најблиски, затоа сакав што подобро да го одглумам ликот.
*
Михаела Индова: Моето прво искуство на сцената беше многу интересно и возбудливо, малата трема постоеше но кога започна претставата едноставно уживав. За мене ново поинакво дружење…
В.Ѓ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ