Главоболки, крвен притисок и холестерол: Данска ги забрани инстант тестенините

0
40

Во неодамнешна одлука, данските власти решија да забранат продажба на одредени видови инстант тестенини поради потенцијалното негативно влијание врз здравјето. Иако инстант тестенините често се економичен и брз избор за луѓе со ограничен буџет и малку време, нивната потрошувачка носи сериозни ризици. Овие производи содржат адитиви, вештачки ароми и засилувачи на вкус кои вклучуваат палмино масло, трансформиран скроб и E319 – адитив познат како можен канцероген и алерген.

Данските власти забранија продажба на некои многу зачинети производи на марката „Samyang“, особено за „Buldak 3x Spicy & Hot Chicken“, „2x Spicy & Hot Chicken“ и „Hot Chicken Stew“. Причината за ова е високото ниво на капсаицин, состојка која предизвикува чувство на топлина на кожата. Прекумерната употреба на овие зачини може да доведе до акутна интоксикација.

Освен зачинувањето, инстант тестенините можат да предизвикаат и други здравствени проблеми. Многу производи содржат моносодиум глутамат (MSG), засилувач на вкус кој во поголеми количини може да предизвика главоболки, зголемен крвен притисок и повисок инсулин. Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) препорачува дневен внес на моносодиум глутамат не поголем од 30 mg по килограм телесна тежина. Според експертите, повремено консумирање инстант тестенини е безбедно, но прекумерна употреба може да биде штетна за здравјето.

Овој вид на храна кај нас попозната како инстант нудлс се продава во сите поголеми маркети и по многу ниска цена.

Н.Д.