среда, декември 25, 2024
домаКУЛТУРАЛитератураПоднесени 46 дела на конкурсот за традиционални годишни награди на ДПМ

Поднесени 46 дела на конкурсот за традиционални годишни награди на ДПМ

На конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија оваа година се пријавени вкупно четириесет и шест дела, единаесет повеќе од делата пријавени на конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 г. Оваа година, за разлика од минатата, доминира поетската продукција, но и книжевноста за деца и млади.

За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело објавено во 2024 г. конкурираат следните 10 наслови:

1. „Ветрилиште“ (Игор Анѓелков, „Или-или“)
2. „Стриптиз на душата“ (Филип Георгиевски, „Батапрес“)
3. „Искра“ (Петре Димовски „Дијалог“)
4. „Собирачите на пластични шишиња“ (Љубинка Донева, „Современост“)
5. „Кој го уби Едгар Алан По“ (Владо Јаневски, „Или-или“)
6. „Леска Брезоска“ (Симона Јованоска, „Или-или“)
7. „Човек глагол (Homo-verbum)“ (Елизабета Јончиќ, „Слово љубве“)
8. „Приказничар“ (Жарко Кујунџиски, „Антолог“)
9. „До_адната книга“ (Стефан Марковски, „Современост“)
10. „Јод“ (Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или-или“)

За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка објавена од член на Друштвото на писателите на Македонија во 2024 г. конкурираат следните 16 наслови:

1. „Си беше една љубов“ (Ана Бунтеска, „Просветно дело“)
2. ,,Рајсфершлус“ (Јулијана Величковска, „ПНВ Публикации“)
3. „Бог на ба(к)терии“ (Митко Гогов, „Макавеј“)
4. ,,Јазикот што само ние го разбираме“ (Зоран Јакимоски, „ПНВ Публикации“)
5. „На грбот на неповратот“ (Владо Јаневски, Агенција за иселеништво)
6. „Светлината во нашите вени“ (Стефан Марковски, „Современост “)
7. „Зборови од хартија“ (Милчо Мисоски, „Антолог“)
8. „Моќта на водата“ (Жаклина Михајлова, самиздат)
9. „Одглас (на нечуеното)“ (Сузана Мицева, самиздат)
10. „Чекор до амбисот“ (Драгица Најческа, „Дијалог“)
11. „Непронајдено прибежиште“ (Сашо Огненовски, „Антолог“)
12. „Се умира ли од премногу сакање“ (Зоран Пејковски, „ПНВ Публикации“)
13. „Тројанско слепило“ (Милован Стефановски, „АД Вербум“)
14. „Разговор со љубовта“ (Лилјана Стоилковска, самиздат)
15. „Ехо на светлината“ (Мирјана Тренчева, „Академска мисла“)
16. „Посвети и пофалби“ (Ивица Џепароски, „Дијалог“)

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2024 г. пријавени се следните 10 наслови:

1. „Бакнежи на небото“ (Иван Антоновски, „Светулка“)
2. „Играме, растеме“ (Владо Димовски, „Арс Ламина“)
3. „Саканија“ (Љубинка Донева, „Панили“)
4. „Големиот слон лета дрон“ (Зоран Јакимоски, „ПНВ Публикации“)
5. „Со големо Д (прозен воспев на Другарството)“ (Александар Кујунџиски, „Антолог“)
6. „Очи во очи“ (Ели Маказлиева, „Едука Мак“)
7. „Тино – бездомното полжавче“ (Сузана Мицева, „Средби под јаворите“)
8. „Збрка во трка“ (Весна Мундишевска-Велјановска, „Перун Артис“)
9. „Првото жарче Љ У Б“ (Велко Неделковски, „Арс Ламина“)
10. „Мојата азбука“ (Мирјана Стојановска, „ЗНК ‘Нова’ – Битола“)

За наградата „Димитар Митрев“ за најдобро дело од областа на книжевната критика и есеистиката објавено во 2024 г. конкурираат следните седум наслови:

1. „Книжевни паметници“ (Наташа Аврамовска, Институт за македонска литература)
2. „Нивното време низ Битола“ (Петре Димовски, „Дијалог“)
3. „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ (Елизабета Јончиќ, Македонско научно Друштво – Битола)
4. „Жени во македонската книжевност од XIX век“ (Славчо Ковилоски, Институт за македонска литература)
5. „Дом во тишина“ (Никола Маџиров, „Арс Ламина“)
6. „Тантели од зборови“ (Гоце Ристовски, „ВиГ Зеница“)
7. „Милчо за Манчевски“ (Атанас Чупоски, Кинотека на Р. С. Македонија)

Од Друштвото на писателите на Македонија со особено внимание и благодарност информираат дека по извесен период пауза, оваа година ДПМ ќе ја додели и наградата „Мост“, со која се одликува дело објавено на некој од јазиците на националностите во Р. С. Македонија. За наградата „Мост“ на ДПМ за 2024 г. се пријавени следните три наслови:

1. „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“) (Гордана Јовиќ Стојковска, „Слово љубве“)
2. “Vetëtimat e heshtjes” („Молњи на молкот“) (Делвина Крлуку, самиздат)
3. “Kopeja Me Zgjebe ndjek autorin” („Шугавото стадо го брка авторот“) (Каљош Челику, самиздат)

На конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 г. беа пријавени 14 прозни дела, 7 поетски збирки, 6 книги за деца и млади и 8 книги критика и есеистика. Добитници на наградите беа романот „Ако се родат некакви чувства“ (Блаже Миневски, „Матица“), поетската збирка „Коњски житија“ (Зоран Анчевски, „Арс Ламина“), пиесата за деца „Земјата на заборавените сказни“ (Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“) и научната студија „Птици во аквариум: надреализам, 1924-2024“ (Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, „Полица“).

За доделувањето на традиционалните годишни награди на ДПМ одлучува тричлено жири, кое е избрано со тајно предлагање и гласање од страна на членовите на Управниот одбор на ДПМ. Годишните награди на ДПМ традиционално се доделуваат на 13 февруари, денот на основањето на Друштвото. Во 2025,  Друштвото на писателите на Македонија ќе одбележи 78 години од своето постоење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ