вторник, јануари 7, 2025
домаЖивотСурогат мајчинството на црниот пазар во Кина

Сурогат мајчинството на црниот пазар во Кина


Во летото 2024 година, руските социјални мрежи беа преплавени со реклами кои промовираа донирање јајце клетки во Кина. На здрави, атрактивни млади жени повисоки од 162 см им биле ветени неколку илјади долари за нивниот биолошки материјал. Покрај уплатата, на донаторите им биле понудени бесплатни летови до друга земја, сместување во луксузни хотели и гурмански оброци. Сепак, имаше еден улов – комерцијалната донација на јајца е нелегална во Кина. Група новинари од Global Voices ја истражуваа оваа тематика и објавуваме дел од нивните наоди.

Новинарите преку социјалните мрежи стапиле во контакт со извесна Ана, 22-годишна жителка на Москва (името е променето на нејзино барање), која се подготвувала за интервју со семејството на потенцијални купувачи според инструкциите на нејзиниот агент. Тие присуствувале на интервјуто и раскажуваат дека девојката немала можност да ги види клиентите, додека тие ја гледале. Интервјуто започнало со стандардни прашања: висина, тежина, крвна група и семејно потекло. Таа им објаснила дека ова и е шесто вакво интервју, па знаела како да се однесува: секогаш насмевнете се, кажувајте ја вистината кога одговорите лесно може да се потврдат и украсете каде што е потребно. На пример, таа додала пет години на возраста на нејзината баба бидејќи кинеските клиенти ги ценат донаторите со долговечни роднини. Од Ана било побарано да оди пред камерата, да застане на вратата за да ја покаже својата фигура и висина и да ги покаже забите.Овој пат парот и поставил на Ана неколку неочекувани прашања. Какви оценки добила по математика на училиште? Дали таа ужива во нејзината работа? Два дена подоцна, агентот и кажал на Ана дека е избрана за донација, што значи дека ќе лета за Кина за една недела.

Започнува приказната на Ана

Според текстот објавен на Global Voices, во април 2024 година, Ана, вонредна студентка и дизајнерка, наишла на видео реклама на Инстаграм. Видеото наликувало на реклама за патување, со сцени од разгледување и јадење. Девојката, исто така, забележача банкноти од американски долари, тврдејќи дека донаторите може да заработат помеѓу 3.000 и 7.000 американски долари. Видеото било објавено од агенција која регрутира жени за донирање јајце клетки во странство, пред се во Кина. Наведено е дека кандидатите мора да бидат на возраст од 18 до 30 години, ниту премногу слаби, ниту премногу дебели и без лоши навики и наследни болести.

Ана била заинтригирана од можноста да заработи пари и да ја посети Азија бесплатно. Покрај тоа, таа веќе донирала јајце клетки шест пати во Русија без компликации, заработувајќи до 100.000 рубли (1.300 американски долари) по процедура. Сепак, во овој случај со соочила со пречка: додека донирањето јајце клетки за пари е легално во Русија, во Кина е забрането.

Ана поминала еден месец размислувајќи дали да ризикува и да се пријави. Во мај решила да аплицира во агенцијата, по што брзо добила одговор од менаџерот кој ја замолил да испрати фотографии. Потоа било побарано да пополни прашалник за нејзината возраст, висина, тежина, образование, крвна група, датуми на претстојниот менструален циклус и кратка биографија.Откако мозаикот се склопил било побарано да замине за Кина, каде требала да помине низ третман на хормонална стимулација. За рекордно брзо време и е извадена виза и и е купен авионски билет, со цел да се забрза процедурата.

Но, Ана е само една од многуте Русинки кои добиле статус на сурогат мајки. Новинари вработени во каналот RTVI Telegram забележале пораст на идентични видеа на Инстаграм кои рекламирале донација на јајце клетки во Кина. Тие идентификувале најмалку 18 сметки на Инстаграм кои рекламираат донација на јајца во Кина. Овие сметки прикажувале слики од пакети со готовина, нови iPhone-и и MacBook купени со заработката. Тие, исто така, ја дефинирале донацијата како начин „да им се помогне на паровите без деца кои изгубиле надеж за природно зачнување“. Жените од Русија, Белорусија, Украина и Казахстан станале цел на потенцијални донатори.

Новинарите потенцираат дека вработени во агенциите кои се јавуваат во улога на агенти немаат медицински бекграунд. На пример, едно видео од сметката „Da Donation“ прикажува менаџерка која работела како специјалист за трепки од 2018 до 2020 година, според нејзината активност на Инстаграм. На веб-страницата на „Агенција за донација на јајце-клетки Сонце“, наведениот медицински експерт за ИВФ е деловен тренер со диплома од огранокот на Волгоград на Советскиот трговски институт. Координаторот за идни родители претходно работел како астролог.
Трошоците за донирање јајце клетки зависи од различни фактори. Жените можат да ја одредат нивната цена, но агентите обично им помагаат да ја проценат нивната вредност врз основа на пазарните услови и нивните лични атрибути.Прво и основно, клиентите имаат приоритет на физичкиот изглед – висина, тежина, светла кожа и тен без флеки. Кинеските клиенти генерално не сакаат донаторката да има пеги и црвена коса. Тетоважите, вештачките трепки и филери исто така ја намалуваат веројатноста да бидат избрани. Модните трендови за донаторски изглед се развиваат; во моментов се бараат „слаткоста“ и „женственоста“. Агенциите ги охрабруваат жените да испраќаат фотографии облечени во фустани и да се насмеани.Се нудат повисоки плаќања на донатори со престижни универзитетски дипломи, вештини за странски јазици или уметнички таленти, бидејќи клиентите се надеваат дека нивните деца ќе ги наследат овие особини.Не заработуваат само жените: според Ана, нејзиниот агент заработил по 2.000 американски долари од секој донатор што ја завршил програмата.

Зошто расте подземниот пазар на јајца во Кина?
Во 2020 година, кинескиот весник The Paper објави дека универзитетските студенти биле вознемирени од рекламите за донирање јајца излепени на ѕидовите на женските тоалети. Една новинарка тогаш се претстави како потенцијален донатор и ја контактираше агенцијата наведена во огласот. Тие објаснија дека „јајце-клетките“ се категоризирани по квалитет. Жените од врвните универзитети можеа да заработат до 40.000 CNY (5.500 американски долари), додека донаторите со просечен изглед и без високо образование добиваа 10.000–20.000 CNY (1.400–2.800 УСД).

Спорд пишувањето во Global Voices, не се потпишуваат договори со донатори бидејќи купувањето и продавањето јајце клетки е нелегално во Кина. Сепак, бизнисот опстојува, и покрај напорите на властите да ги отстранат рекламите. Тоа е затоа што во Кина е речиси невозможна легална набавка на јајце клетки за ИВФ.

Според еден извештај од 2003 година од кинеското Министерство за здравство, може да се користат само остатоци од јајце клетки од пациенти со ИВФ, и тоа само од мажени жени со документирана неплодност. Ова создаде долги листи на чекање, принудувајќи многу семејства да се обратат до агенции кои работат на црно. Според кинескиот медиум CCTV, до 2021 година, во Кина имало повеќе од 400 вакви агенции.

Понатаму, во истражуваќката сторија на Глобал Војсис се раскажува престојот на Ана и програмата низ која таа поминала. Целиот третман се реализирал во Чонгкинг, град со 32 милиони жители во југозападна Кина. Таа престојувала во хотелска соба со панорамски прозорци на 18 кат. Млада кинеска асистентка ангажирана од нејзиниот агент ја возела на сите состаноци, комуницирајќи преку апликација за преведувач. Кога почнала менструацијата на Ана, таа посетила клиника за серија тестови. Потоа, медицинска сестра го посетувала нејзиниот хотел секој ден во 16 часот. да се администрираат хормонски инјекции. Програмата ги ограничуваше алкохолот, пушењето, вежбањето и сексот, но Ана инаку беше слободна.

Хормоналната стимулација траела 10 дена. На денот на вадењето јајце, помошникот на Ана ја однел во станбена зона наместо во клиника. Нејзиниот телефон и документи биле земени, а на раката и била ставена налепница со кинески знаци. Заедно со четири Кинески, Ана влегла во затемнето бело комбе.

„Почнав да паничам малку, мислејќи дека ќе ми ги продадат органите. Но, ме смири тоа што ги видов локалните жени како разговараат и се смеат. Мислев дека и тие ќе дојдат, се ќе биде во ред“, рече таа.

Комбето застана директно на влезот од зградата, што води до скали. На врвот, Ана наишла на операциона сала и одделенија за опоравување. „Тоа беше некаква импровизирана клиника – дефинитивно под земја. Тоа ме исплаши бидејќи претходно, прегледите беа во добри болници. Претпоставував дека целиот третман ќе се случува таму“, рече таа.

Под анестезија, јајцата на Ана беа извадени со помош на игла водена со ултразвук. Таа се разбудила половина час подоцна и била вратена да се сретне со нејзиниот агент. Нејзините работи биле вратени, а и биле дадени интравенски течности во легитимна болница. Меѓутоа, подоцна истата ноќ и се појавиле силни болки во стомакот.

„Не можев да се движам – само лежев во страшна болка. Стомакот ми беше отечен и едвај дишев. Тоа беше најлошата ноќ во мојот живот. Во Москва би се вратила во нормала веднаш по процедурата. Никогаш не сум доживеала вакво нешто“, се сеќава Ана.

Следното утро ја однеле во болница, каде што повраќала додека ѝ го проверувале притисокот. По уште една тура интравенска течност, нејзините симптоми почнале да се намалуваат, а до вечерта таа се чувствувала подобро.

Четири дена по процедурата, Ана се вратила во Москва. И покрај тоа што не потпишала никакви договори со агенцијата, таа ги добила ветените 7.000 американски долари во готовина по враќањето.

Конкуренција меѓу донаторите
Како што пишува во објавената сторија, неодамна, конкуренцијата меѓу донаторите се засилила, што ги намалило цените. За време на пандемијата СОВИД-19, кога меѓународното патување беше ограничено, агенциите плаќале највисоки цени за донаторите од Русија. Но, со тоа што Кина повторно ги отвори своите граници во 2023 година, приливот на нови кандидати предизвика пад на таксите.

Постојат, исто така, донаторски агенции во Камбоџа, Лаос, Кипар и Грузија, а последната стана жариште за туризмот за сурогат мајчинство откако тоа стана забрането за странци во Русија. Повеќето клиенти во овие земји се исто така Кинези. Последниве месеци пазарот се проширува во Киргистан и Казахстан, каде сурогат мајчинството и донирањето јајце клетки се легални.

Пренесено од Глобалл Војсис

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ