Од полноќ ќе се намалат цените на горивата согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со снижувањето од 1 денар за литар, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 79,00 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, и од полноќ ќе изнесува 81,50 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 денари и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 73,00 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 72,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,141 денари и ќе изнесува 44,672 денари за килограм. А.Н.