среда, февруари 5, 2025
домаПОЛИТИКАСветПукање во Брисел, полицијата трага по напаѓачите во тунелите на метрото

Пукање во Брисел, полицијата трага по напаѓачите во тунелите на метрото

По пукањето со автоматско оружје во средата наутро во метро станица во Брисел, во кое нема жртви, полицијата се уште трага по сторителите во тунелите на метрото, што делумно го запре железничкиот сообраќај.

Во средата околу 6.15 часот дошло до пукање со автоматско оружје на метро станицата Клемансо. Во престрелката нема жртви или повредени.

„Полицијата претпоставува дека сторителите сè уште се некаде во тунелите на метрото, па затоа побараа прекин на железничкиот сообраќај меѓу станиците Гаре де л’Уест и Трон“, изјави за белгиските медиуми портпаролката на полицијата Сара Фредерикс.

На снимките од надзорните камери се гледаат двајца мажи со калашникови и маскирани во лицата на влезот на станицата Клемансо.

Областа е позната по дистрибуција и продажба на дрога, а врз основа на однесувањето на осомничените, полицијата претпоставува дека станува збор за пресметка меѓу дилери на дрога.

Според веб-страницата на белгиската телевизија на француски јазик РТБФ, експертите кои ги гледале снимките од надзорните камери веруваат дека осомничените немаат искуство со ракување со калашникови, што ги прави и непрецизни и опасни. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ