домаКУЛТУРАЛитература„Прозарт медиа“ учествува на Саемот на книгата за деца во Болоња

„Прозарт медиа“ учествува на Саемот на книгата за деца во Болоња

Меѓу другите активности, уредникот на Прозарт медиа, Дејан Трајкоски е поканет да биде и еден од рецензентите во програмата „Портфолио ривју“.

Издавачката куќа „Прозарт медиа“, организатор на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан и на Скопје Фелоушип програмата, присуствува на најзначајниот Саем на книга за деца во светот, во Болоња, Италија.

Прозарт медиа е поканета од Саемот, во рамки на престижната „Invitation program“, заедно со четириесетина други одбрани издавачи од целиот свет. Во рамки на оваа програма, Саемот обезбедува и штанд за „Прозарт медиа“, на којшто издавачот ги претставува своите изданија, неколку македонски писатели, како и фестивалот ПРО-ЗА Балкан и Скопје фелоушип програмата, а има и бројни средби со издавачи од светот.

Во Болоња, издавачката куќа ја претставува основачот и уредник, Дејан Трајкоски.

Меѓу другите активности, Трајкоски е поканет да биде и рецензент во програмата „Портфолио ривју“. Тој настан е дел од официјалната програма и објавен на веб страницата од Саемот.

Во 2022 година, „Прозарт медиа“ присуствуваше во слична програма и на најголемиот Саем на книгата во светот, во Франкфурт.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ